ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ СКОПЈЕ ДОДЕКА АРСОВСКА НЕ НИ ПЛАТИ, РЕЧЕ ЛЕНИН ЈОВАНОВСКИ ОД „СЛОБОДА ПРЕВОЗ“

    ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ СКОПЈЕ ДОДЕКА АРСОВСКА НЕ НИ ПЛАТИ, РЕЧЕ ЛЕНИН ЈОВАНОВСКИ ОД „СЛОБОДА ПРЕВОЗ“Приватниците најавија дека блокадите ќе се прошират на повеќе крстосници. (Фото: К. Попов)

    Блокадата на Скопје од приватните превозници ќе трае сè додека градоначалничката Данела Арсовска не им го исплати долгот. Автобусите нема да бидат повлечени од улиците односно ќе стојат деноноќно, а блокадите ќе се прошират и на други крстосници, рече директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски.

    Јовановски кажа дека блокадата им е единствен начин јавноста да го чуе нивниот проблем и да ги демантираат лагите кои ги кажува Арсовска.

    Моравме на ваков начин да го изразиме револтот. Поради суета, незнаење, неодговорно и уличарско однесување на Арсовска, 300 луѓе изгубија работа. Не се работи за приватна бавча на градоначалничката па да ја работи како сака. Таа е должна да се грижи за јавниот интерес и да се однесува согласно законот“, рече Јовановски.

    Тој кажа дека не може граѓаните да им се лутат, бидејќи од Арсовска, која ја нарече деспот, загрозени им се човековите права. За новиот оглас за вклучување приватни превозници во јавниот транспорт, кој го најавува градоначалничката, рече дека не може да се спроведе и дека неговото распишување ќе биде спротивно на законот.

    Приватните превозници денеска ги блокираа крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Илинденска кај Влада. Долгот на ЈСП „Скопје“ кон „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ заклучно со месец октомври е 1,5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира