ЌЕ СЕ ФОРМИРА СОВЕТ КОЈ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО УЧЕБНИЦИТЕ ОТИ НЕ ЗАВИСИ СЀ ОД МИНИСТЕРСТВОТО, РЕЧЕ ШАКИРИ

    ЌЕ СЕ ФОРМИРА СОВЕТ КОЈ ЌЕ ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО УЧЕБНИЦИТЕ ОТИ НЕ ЗАВИСИ СЀ ОД МИНИСТЕРСТВОТО, РЕЧЕ ШАКИРИМинистерот за образование Јетон Шакири денеска беше во Битолскиот универзитет по повод почетокот на новата академска година. (Фото: СДК.МК)

    Во најскоро време ќе се формира Совет кој ќе треба да го реши проблемот со учебниците и во основно и во средно образование, зашто сите работи не зависат од Министерството, рече министерот за образование Јетон Шакири, кој денеска беше во посета на Битолскиот универзитет и новиот ректор Игор Неделковски по повод почетокот на новата академска година.

    „Проблемот со учебници не е само во основно, туку и во средно обарзование. Мислам дека во најбрзо време ќе се оформи еден вид совет за целиот проблем, кој не е само за оваа година, туку за конечно да се најде решение и за основно и за средно училиште. Во процесот на средно образование ние повеќе години сме во фаза на подготовка на нови закони. Гледам, треба да формираме Совет кој ќе ги координира сите работи зашто сите работи не зависат само до Министерството туку и од Бирото за образование и други институции“, рече Шакири.

    Тој рече дека очекува овој и следниот месец да завршат сите процеси за учебници и во Националната комисија, како и во процесот на печатење, за учениците од основно училиште кои учат по нивиот концепт да не се без материјали.

    „Како Национална комисија на учебници веќе имаме одобрени учебници, веќе завршува процесот на жалби за економскиот оператор. Како што ќе заврши процесот на одобрување учебници, очекувам во октомври и ноември сите процеси за учебници да завршат и во Националната комисија и во процесот на печатење. Јас во месец јуни, кога увидов дека имаме процес кој нема да биде краток, а ќе биде долг, побарав од Бирото да се подготват подготвителни материјали кои се доставени до основците од прво до петто одделение“, рече Шакири.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира