ЌЕ СЕ ПРАВАТ БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ГРЦИТЕ ВО КАЗИНАТА И СТОМАТОЛОШКИТЕ ОРДИНАЦИИ

    ЌЕ СЕ ПРАВАТ БРЗИ КОВИД ТЕСТОВИ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ГРЦИТЕ ВО КАЗИНАТА И СТОМАТОЛОШКИТЕ ОРДИНАЦИИЗаради немање можност за брзи ПЦР тестови во ова општина, во гевгелиските казина, стоматолошки ординации, маркети, пазари речиси и да нема Грци кои беа двигатели на локалната економија. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Министерот за здравство Венко Филипче најави дека идната недела ќе се прошири лабараторијата во гевгелиската општа болница за да се прават брзи ПЦР тестови за потребите на грчките државјани, на кои матичната земја им ги бара при влез од Македонија. Заради немање можност за брзи ПЦР тестови во ова општина, во гевгелиските казина, стоматолошки ординации, маркети, пазари речиси и да нема Грци кои беа двигатели на локалната економија. Гевгелиските бизнисмени на средбата со вицепремиерот за економија Фатмир Бетиќи и министерот за здравство Венко Филипче им се пожалија дека трпат огромни загуби од отсуството на грчки државјани кои биле спремни и да платат изработка на ПЦР тест во земјава.

    ,,Заеднички се согласивме дека треба да се надгради дел од лабораторискиот капацитет на гевгелиската општа болница и ќе ставиме приоритет во решавањето на тој проблем. Верувам дека следната недела ќе биде решен со цел да се направи уште еден чекор напред кон олеснување на протокот на граѓани низ границата, пред се на граѓани од Грција“, изјави министерот за здравство Венко Филипче

    Директорот на гевгелиската болница Димитар Крџев информираше дека имаат просторни услови за инсталирање на дополнителна опрема за изработка на брзи ПЦР тестови. Како што истакна тој. доколку добијат дозвола од здравствените власти, ковид тестови ќе изработуваат со гевгелискиот Центар за јавно здравје, во одредени временски интервали со оглед на редуциранито кадар што го имаат.

    Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков кажа дека услужната дејност во Гевгелија бележи негативни финансиски резултати бидејки најголемиот дел од капацитетите биле ориентирани кон грчките државјани, кои по воведувањето на задолжителни негативни ПЦР тестови при враќање од Македонија воопшто и не доаѓат во Гевгелија

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира