КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ГРАДИ 2,5 ГОДИНИ, ЗА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА ДОПРВА ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРОЕКТ ЗА БУЛЕВАР

    КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ГРАДИ 2,5 ГОДИНИ, ЗА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА ДОПРВА ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРОЕКТ ЗА БУЛЕВАРИзградбата на клучката кај Момин поток чини 18 милиони евра.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со градежни работи за изградба на клучката кај Момин Поток и кружен тек кај „Хубо маркет“. Како што најави градоначалникот Петре Шилегов градежните работи на овој потег ќе траат 2,5 години бидејќи станувало збор за сложен проект.

    „Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, каде што  првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем“, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

    На крстосницата со булеварот Словенија се предвидува исто така изградба на кружен тек за што Град Скопје со ребалансот на државниот буџет ќе добие 11 милиони. Потегот од булевар Словенија до Обиколница или Јадранска магистрала која сега е во катастрофална состојба со дупки и прокопи на секој чекар и две коловозни ленти, по една во двата правци, Шилегов вели дека ќе почне да се решава догодина. За оваа делница допрва ќе треба да се прави проект за проширување во булевар и спојување со Обиколницата и автопатот кон границата со Косово.

    Изградбата на клучката кај Момин поток чини 18 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира