КОЛА УДРИ И ОТЕПА МЕЧКА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ, ВОЗАЧОТ НЕПОВРЕДЕН

    КОЛА УДРИ И ОТЕПА МЕЧКА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ, ВОЗАЧОТ НЕПОВРЕДЕНОд ударот мечката била отепана, а освен материјална штета возачот поминал без повреди. (Фото: СВР Тетово)

    Возач од Кичево, движејќи се по автопатот Тетово-Скопје ноќеска удрил во мечка која се нашла на коловозот. Од ударот мечката била отепана, а освен материјална штета возачот поминал без повреди.

    „Ноќеска околу 2 часот и 20 минути, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста Карпалак, патничко моторно возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф. О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    На оваа автопатна делница, како и на таа од Тетово кон Гостивар, заштитната мрежа на повеќе места е оштетена и поради тоа неретко се случува на сообраќајните ленти освен домашни животни да се движи и дивеч. Досега забележани се случаи кога возачите удриле елен, дива свиња, лисици и други помали диви животни.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира