КОНКУРС НА ЕУ ЗА МЛАДИ АРХИТЕКТИ ЗА УРБАНИСТИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СКОПЈЕ

    КОНКУРС НА ЕУ ЗА МЛАДИ АРХИТЕКТИ ЗА УРБАНИСТИЧКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА СКОПЈЕКонкурсот е отворен е за млади архитекти и урбанисти кои ќе понудат свежи идеи што ќе го трансформираат Скопје во поинклузивен и попристапен град.(Фото: К. Попов)

    Јуроп хаус во земјава објави урбанистички конкурс за нови идеи како да се гради и развива градот Скопје. Отворен е за млади архитекти и урбанисти кои ќе понудат свежи идеи што ќе го трансформираат Скопје во поинклузивен и попристапен град.

    Овој конкурс е повеќе од натпревар за најдобар дизајн, тој е мисија да се подобрат запоставените простори и да се направи градот подобар за сите. Конкурсот дава можност да се внесе нов живот во старите и заборавени градски делови“, се вели во објавениот конкурс од Јуроп хаус.

    Конкурсот „Скопје на новата генерација“ е во рамките на одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Ќе биде отворен до 22 октомври, а изложбата  и доделувањето на наградите ќе биде на 13 ноември.

    За првонаградените предвидени се награди до 1.500 евра, а решенијата ќе ги разгледуваат група експерти од Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите предлози ќе бидат анонимни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира