Контејнер со ѓубре од попладнево стои средe булеварот Партизански одреди во Карпош 3 во Скопје. Контејнерот стои во насоката кон Карпош во крајната, трета лента, на која и најбрзо се вози.
Контејнерот ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Колите кочат пред самиот контејнер, а поради врнежливото време коловозот е лизгав.
Спроти местото каде се наоѓа контејнерот има поставени контејнери. Еден од нив сега нема, но не се знае како дошол на коловозот.
А. АНТЕВСКА