КОНТЕЈНЕР СО ЃУБРЕ СТОИ НА КОЛОВОЗОТ СРЕДE ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПСКИ КАРПОШ

    КОНТЕЈНЕР СО ЃУБРЕ СТОИ НА КОЛОВОЗОТ СРЕДE ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПСКИ КАРПОШКонтејнерот стои во насоката кон Карпош, во крајната, трета лента, на која и најбрзо се вози. (Фото: СДК.МК)

    Контејнер со ѓубре од попладнево стои средe булеварот Партизански одреди во Карпош 3 во Скопје. Контејнерот стои во насоката кон Карпош во крајната, трета лента, на која и најбрзо се вози.

    Контејнерот ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Колите кочат пред самиот контејнер, а поради врнежливото време коловозот е лизгав.

    Спроти местото каде се наоѓа контејнерот има поставени контејнери. Еден од нив сега нема, но не се знае како дошол на коловозот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира