КОРНЕЈЌИ ДРВЈА, ЕКИПА НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ СКИНА ГЛАВЕН КАБЕЛ И ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА ТРИ НАСЕЛБИ ВО СКОПЈЕ

    КОРНЕЈЌИ ДРВЈА, ЕКИПА НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ СКИНА ГЛАВЕН КАБЕЛ И ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА ТРИ НАСЕЛБИ ВО СКОПЈЕОд ЕВН велат дека тие ќе го санираат проблемот, но „Паркови и зеленило“ ќе треба да им плати затоа што ја предизвикала штетата. (Фото: СДК.МК)

    Скопските населби Дебар Маало, Карпош и Тафталиџе вчера неколку часа беа без струја, откако екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ со багер скинаа главен кабел. Во саботата и неделата претпријатието кастреше, сечеше и корнеше дрвја на улицата Рузвелтова. При корнењето на коренот на едно од дрвјата со багер беше скинат подземен кабел, при што беше предизвикан голем дефект. Краткотрајни прекини во напојувањето имаше и во текот на ноќта.

    Од ЕВН потврдуваат дека при интервенција на екипи на „Паркови и зеленило“ е оштетен кабел на улицата Рузвелтова, при што дошло до неколку часовен прекин во напојувањето со струја. Станува збор за поголема штета која уште се санира, а во меѓувреме овие три населби се префрлени на друга трафостаница за напојување со струја.

    При корнењето на коренот на едно од дрвјата со багер беше скинат подземен кабел, при што беше предизвикан голем дефект. (Фото: СДК.МК)

    Очевидци на настанот велат дрка станарите од околните згради луто реагирале кај работниците и шефот од ЈП „Паркови и зеленило“ кога виделе дека со багер е скинат кабелот. Откако тие излегле на улицата работниците со багерот почнале да бегаат, по што биле сопрени од граѓаните кои барале да го санираат дефектот. Настанала вербална расправа, а за малку ќе дошло и до тепачка, бидејќи шефот не признавал дека направиле штета и тврдел дека намало никаков кабел. Во меѓувреме, на местото дошла и екипа од ЈП „Улици и патишта“, бидејќи поради прекинот на кабелот не работеа семафорите на булеварите Партизански одреди и Илинденска, како и на околните улици.

    Од ЕВН велат дека тие ќе го санираат проблемот, но „Паркови и зеленило“ ќе треба да им плати затоа што ја предизвикала штетата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира