ЌОСЕТО БЕШЕ ДИВОГРАДБА, НА НЕГОВО МЕСТО ЌЕ ЗАСАДИМЕ ДРВО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, КАЖА ШИЛЕГОВ

    ЌОСЕТО БЕШЕ ДИВОГРАДБА, НА НЕГОВО МЕСТО ЌЕ ЗАСАДИМЕ ДРВО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА, КАЖА ШИЛЕГОВГрадежниот инспекторат на Општина Центар утврдил дека инвеститорот, односно Градот Скопје, нема Решение за поставување на овој споменик.-Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција.(Фото:Град Скопје)

    Споменикот на Андон Лазов Ќосето беше дивоградба и затоа Град Скопје го отстрани утрово, а на негово место ќе засадиме дрво на човекови права, кажа денеска градоначалникот Петре Шилегов, на прес-конференција.

    Градежниот инспекторат на Општина Центар кој извршил увид на фактичката состојба на самото место и на постапката за спомен-обележјето на Андон Лазов Јанев – Ќосето, утврдил дека инвеститорот, односно Градот Скопје, нема Решение за поставување на овој споменик.

    Споменикот на Ќосето е однесен во магацините на Металски завод Тито и Град Скопје ќе го извести донаторот во рок од 30 дена да си го земе.

    Споменикот на Ќосето е однесен во магаците на Металскиот завод Тито и Град Скопје ќе го извести донаторот во рок од 30 дена да си го земе.(Фото:Град Скопје)

    „Во Скопје нема да се толерира незаконитоста и недозволеното постапување. Започнува справувањето со проектот Скопје 2014. Сите досегашни самоволни активности на претходните власти во градот ќе бидат соодветно законски третирани. На ова место, пред Судската палата, ќе биде засадено дрво посветено на човековите права со изгравирана плочка донирана од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации. Тој член гласи-секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е  кривично обвинение против него“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Во наредните денови ќе биде урнат и постаментот на кој стоеше споменикот на Ќосето.

    Шилегов објасни дека споменикот бил отстранет рано утрово заради безбедноста на сообраќајот односно да не се блокира сообраќајот на крстосницата кај „Мавровка“ како и нормалното работење на судот.

    На прашањето дали ќе се отстрануваат и други споменици градоначалникот Шилегов кажа дека меѓуресорската комисија на Министерството за култура, Општина Центар и Град Скопје работат и како созреваат правни ситуации така се преземаат соодветни акти.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира