КОШАРКАРИТЕ ОД БИТОЛСКИ „ПЕЛИСТЕР“ ИГРАА СО ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

    КОШАРКАРИТЕ ОД БИТОЛСКИ „ПЕЛИСТЕР“ ИГРАА СО ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИКошаркарите ги спуштија кошевите на помала висина за да играат со децата со попречености од Ресурсниот центар „Кочо Рацин“. (Фото: СДК.МК)

    Кошаркарите од „Пелистер“ во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ги спуштија кошевите на помала висина за да играат со децата со попречености од Ресурсниот центар „Кочо Рацин“.

    „Целта беше дацата да ја почувствуваат атмосферата во оваа сала, за првпат беа тука и играа кошарка. Досега немаа почувствувано такво нешто и беа пресреќни“, рече в. д. директорката на Ресурсниот центар Драгана Кирковска.

    Кошаркарите на младите соиграчи им подарија и новогодишни пакетчиња и изразија надеж дека ваквиот настан ќе стане традиција.

    „Имам дете со посебни потреби и потребно е да им дадеме поддршка колку што е можно повеќе и да уживаме со нив секој ден. Ним најпотребна им е поддршката од нас. Мојот син има проблем со церебрална парализа и треба секој ден да се тренира со него, поддршка логопед, дефектолог, физикална терапија и што повеќе социјален живот да се дружи со другите деца“, рече кошаркарот Андрија Бојиќ.

    Парите собрани од влезниците од утрешниот кошаркарски натпревар ќе се донираат во Ресурсниот центар „Кочо Рацин“.

    „Емотивна срееба со дечињата, ова е она што најмалку можеме да го направиме, поголемо богатство е самото дружење со нив и да видиме дека денешницата ни носи, за жал, и вакви судбини на кои сите ние колку што имаме можност и на било кој начин треба да им подадеме човечка рака“, рече Марјан Илиевски, член на управата на КК „Пелистер“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира