КРАДЦИ ОГРАБУВАЛЕ СТАН ВО БИТОЛА И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛЕ СОСЕДОТ КОЈ ГИ ЗАТЕКНАЛ

    КРАДЦИ ОГРАБУВАЛЕ СТАН ВО БИТОЛА И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛЕ СОСЕДОТ КОЈ ГИ ЗАТЕКНАЛЕдниот разбојник е фатен, другиот е во бегство, за обајцата е изречен 30-дневен притвор. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Битола и Прилеп за кривично дело разбојничка кражба. Против осомничените поднесен е и предлог за определување мерка притвор.

    Според соопшрението на ОЈО, истрагата е поведена поради основано сомнение дека двајцата соизвршители, заедно со уште едно непознато лице кое според првичните информации од истрагата чувало стража, на 14 април биле затечени при кражба во стан на улицата Климент Охридски. Ги затекнале двајца соседи кои се обиделе да ги спречат и да ја известат полицијата, но осомничените употребилe сила, се нафрлиле врз соседите, ги собориле на скалите при што на едниот сосед му нанеле тешка телесна повреда. Едниот од осомничените потоа употребил и нож замавнувајќи кон станарите, по што се дал во бегство и се’ уште не е достапен на органите на прогонот. Другиот осомничен е лишен од слобода.

    Постапувајќи по предлогот на обвинителот, судијата на претходна постапка на Основен суд Битола донесе решение со кое определи мерка притвор во траење до 30 дена за двајцата осомничени. За осомничениот кој е во бегство притворот ќе започне да се применува од денот кога ќе биде фатен.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира