КРАЖБИТЕ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ВЕЛЕС СЕ СЕКОЈДНЕВИЕ, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ КРАДЦИТЕ СЕ ФАТЕНИ 

    КРАЖБИТЕ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ВЕЛЕС СЕ СЕКОЈДНЕВИЕ, ПОЛИЦИЈАТА ВЕЛИ КРАДЦИТЕ СЕ ФАТЕНИ Од полицијата велат дека крадците се социјални случаи кои украдените предмети ги продаваат. (Фото: СДК.МК)

    Бројните кражби кои се случуваат на левата страна од градот, во стариот дел на Велес, создаваат несигурност и страв кај населението. Членовите на Советот на Општина Велес бараат реакција од полицијата, оти кражбите се секојдневние и населението е небезбедно.

    „Има кражби од минорно значење, мали средства, но чувството дека сте огребени е лошо. А тоа се повторува, секојдневно. Жителите од таа страна на градот се небезбедни. Како да сме во зона на самрак. Се возат коли без таблички, возат секојдневно со сомнителен товар“, кажа советникот Ќирил Гајдов.

    И од велешката полиција ја потврдуваат ваквата состојба. Велат дека засилено работат на откривање на сторителите.

    „Имаме сериозен проблем во стариот дел на градот. Од летото наваму, имаме драстично зголемен број на тешки кражби. Тие се со мала вредност, но начинот како е извршена ја квалификува така. Сторителите се фатени и ќе се водат постапки. Најголемиот дел од делата се расветлени. Украдените предмети се продадени во отпади надвор од градот. Сопственикот нема да има надомест на штета, оти сторителите се социјални случаи. Таму на терен имаме најголем дел од полицајците во градот. Но, очигледно е недоволно. Дел од полицајците се во цивил, и затоа не се забележливи за јавноста. Имавме голем број на случаи и на сквернавење на гробни места во Рамина“, изјави Александар Костов командир на Полициската станица Велес.

    Иако од полицијата кажаа дека се откриени некои сторители и против нив е поднесена соодветна пријава, не завршија кражбите од овој дел на градот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира