КУМАНОВЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ СО СМС ПОРАКИ

    КУМАНОВЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДИМИТРИЕВСКИ СО СМС ПОРАКИ„Во неделата наутро ми беа испратени 2 заканувачки пораки. Не знам кои се мотивите, бидејќи лицето не го познавам, ниту дали припаѓа на некоја политичка партија. Оставам на истрагата да утврди за што се работи. Не би сакал да ја откривам содржината на пораките“, рече градоначалникот Максим Димитриевски (Фото: СДК.МК)

    Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски добил закани по смс пораки од сограѓанин, поради што случајот го пријавил во полиција, која го привела заканувачот и му поднела кривична пријава.

    „Во неделата наутро ми беа испратени 2 заканувачки пораки. Не знам кои се мотивите, бидејќи лицето не го познавам, ниту дали припаѓа на некоја политичка партија. Оставам на истрагата да утврди за што се работи. Не би сакал да ја откривам содржината на пораките“, рече градоначалникот Димитриевски.

    Заканите му ги упатил Д. С. (34) од Куманово, кој во два навратил по телефон му испратил смс пораки со заканувачка содржина за него и неговиот син. Полицијата го привела Д. С. и против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, казниво по член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Според полицијата, одземени му се мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со марихуана и една сим картичка. Исто така, било утврдено дека Д. С. завчера ги скршил стаклата на два штаба на СДСМ на улиците Илинденска и Тоде Мендол во Куманово.  Тој е сторител на уште две кривични дела оштетување туѓи предмети, казниви по член 243 став 2 од Кривичниот законик.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира