КУМАНОВО ЌЕ ДОБИЕ ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    КУМАНОВО ЌЕ ДОБИЕ ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ЗА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТЦентарот ќе биде сместен во Основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде настава посетуваат педесетина ученици со посебни потреби. (Фото: СДК.МК)

    Општина Куманово и Североисточниот регион ќе го добијат првиот дневен престој за ученици со посебни потреби од основните училишта. Центарот ќе биде сместен во Основното училиште „Браќа Миладиновци“, каде настава посетуваат педесетина ученици со посебни потреби. Проектот е вреден 55 илјади евра, а средствата ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика.

    „Дневниот престој нема да биде користен само за нашите ученици, туку за сите ученици од Општината и од регионот. Сите родители кои имаат потреба за целодневно згрижување на нивните деца ќе можат да ги остават тука, по завршување на наставата. За почеток групата ќе ја сочинуваат дваесетина деца, а потоа ќе се згрижуваат повеќе дечиња“, рече Марина Манојловска, директорка на Основното училиште „Браќа Миладиновци“.

    Објектот ќе биде доградба до постоечкото училиште, со површина од 150 метри квадрати, во кое ќе се сместат спална, кујна, трпезарија, училници и тоалети, а ќе биде опремен за потребите на оваа категорија на ученици. Во центарот ќе бидат вработени стручни лица кои ќе им пружат целодневна нега и грижат на децата.

    Градилиштето денеска го посети министерот Оливер Спасовски, градоначалникот Максим Димитриевски, пратеници, советници, претставници од Министерството за труд и социјална политика.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира