ЛАНИ 244 ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО НИШТО НЕ РАБОТЕЛЕ, ЌЕ МОРА ДА ГИ ВРАТАТ ПЛАТИТЕ

    ЛАНИ 244 ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО НИШТО НЕ РАБОТЕЛЕ, ЌЕ МОРА ДА ГИ ВРАТАТ ПЛАТИТЕЛани биле потпишани 811 договори за дело со 544 лица, а од нив 244 лица немаат донесено извештај што работеле. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами веднаш по преземањето на функцијата најави дека ќе ги преиспита сите договори за дело кои ги направила претходната власт. Најавената проверка е направена, па вчера беше објавен списокот на сите лица кои имале склучено ваков договор во 2021. На објавениот список има вкупно 811 договори склучени со 544 лица заклучно со септември.

    „Станува збор за вкупно 544 лица, од кои 250 лица донеле извештај за сработеното согласно договорите, додека 244 лица немаат донесено извештај. Буџетот на Општината е оштетен за над 7 милиони денари. Вреди да се напомене дека на лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на Општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави“, се вели во соопштението од Општина Тетово.

    Од Општината најавуваат дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи понатаму и сите договори на дело што ќе се склучат во наредниот период секој месец ќе се објавуваат на официјалната вебстраница на Општината и на официјалната страница на Општината на Фејсбук.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира