ЛАВИЦАТА АКЕТИ ОД БЕРЛИН НОВ ЖИТЕЛ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

    ЛАВИЦАТА АКЕТИ ОД БЕРЛИН НОВ ЖИТЕЛ НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА12-годишната лавица Акети стаса во Скопје пред 5 дена и веќе се прилагодува на условите во скопската зоолошка градина.(Фото: СДК.МК)

    Лавица од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската градина. 12-годишната лавица Акети стаса во Скопје пред 5 дена и веќе се прилагодува на условите во скопската зоолошка градина. Сега за сега таа ќе биде сама во нејзиното живеалиште, а за неколку месеци ќе и се придружи лав кој треба да стигне од Софија.

    „Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и со нејзините зоо негователи. Во септември ќе стигне и лав од Софија, а во преговори сме да добиеме и бел сибирски лав од некоја од европските зоолошки градини“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

    Во Зоолошката покрај Акети има уште три лава. Во февруари беше еутаназирана лавицата по долго боледување од малиген тумор на кожата.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира