„ЛЕАР“ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ ОТКРИЕ ЗОШТО СЕ ЗАТРУЛЕ РАБОТНИЦИТЕ

    „ЛЕАР“ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА СЀ ДОДЕКА НЕ СЕ ОТКРИЕ ЗОШТО СЕ ЗАТРУЛЕ РАБОТНИЦИТЕ„Фабриката ќе биде затворена сѐ додека не се разреши случајот и додека не се осигураме дека нема да се повтори“, соопшти „Леар“ за синоќешното труење на 200 работници во третата смена (Фото: МИА)

    Фабриката „Леар“ ќе биде затворена сѐ додека не се разреши зошто ноќеска дошло до труење на 200 работници, соопшти конфекцијата. Во соопштението на фабриката, која се наоѓа во тетовската Технолошко индустриска зона, се вели дека за време на ноќната смена 200 работници биле пренесени во болница откако почувствувале симптоми од нагон за повраќање до болки во стомакот. 190 вработени веќе се отпуштени од болница, а за многу кратко време се очекува и останатите вработени да бидат отпуштени од болница.

    „За компанијата ‘Леар’ ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на вработените. Ние имаме одлични услови за здравје и безбедност во нашите фабрики. Внимателно ги следиме инструкциите на локалните здравствени власти за да го истражиме овој изолиран инцидент. Фабриката ќе биде затворена сѐ додека не се разреши случајот и додека не се осигураме дека нема да се повтори“, соопшти „Леар“.

    Конфекцијата „Леар“ како странска инвестиција е отворена лани во Технолошката индустриска зона во Тетово. Нејзина дејност е конфекционирање на навлаки за автомобилски седишта. Во „Леар“ се вработени околу 1.000 работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира