ЛИФТ СО ЧЕТВОРИЦА СТАНАРИ ПАДНАЛ ВО КАРПОШ 4 ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ЛИФТ СО ЧЕТВОРИЦА СТАНАРИ ПАДНАЛ ВО КАРПОШ 4 ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИСтанува збор за нова зграда, која сѐ уште нема технички прием, но десетина станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот. (Фото: СДК.МК)

    Лифт се откачил и паднал во зграда на улицата Трифун Бузев во скопската населба Карпош 4, во средата. Во лифтот имало четворица станари, но никој не е повреден. Станува збор за нова зграда, која сѐ уште нема технички прием, но неколку станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот.

    Како што кажуваат станарите, лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата односно два ката под земја.

    Вчера затекнавме работници кои го поправаа лифтот. Станарите велат дека случајот го пријавиле во полиција.

    Од Општина Карпош велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола.  Ќе излеземе на терен со инспекција“, велат од Општина Карпош.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари