„ЛИМАК“ МЕСЕЧНО Ѝ ПЛАЌА 80.000 ЕВРА ПЕНАЛИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ОТИ ДОЦНИ СО ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ПОД ЈУЖЕН БУЛЕВАР

    „ЛИМАК“ МЕСЕЧНО Ѝ  ПЛАЌА 80.000 ЕВРА ПЕНАЛИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ОТИ ДОЦНИ СО ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ПОД ЈУЖЕН БУЛЕВАРСо секој изминат месец, вели градоначалникот Саша Богдановиќ, висината на пеналите расте, па според моменталната состојба на терен и динамиката на одвивање на градежните работи, сумата може да стигне и до 10 милиони денари месечно; - Од презентацијата на проектот пред година и пол. (Фото: СДК.МК)

    За доцнење со изградбата на подземната улица под Јужен булевар и објектите над него, турската фирма „Лимак“ ѝ плаќа пенали на Општина Центар. Досега, висината на пеналите за доцнењето е 5 милиони денари, а од овој месец ќе биде 6 милиони денари. Со секој изминат месец, вели градоначалникот Саша Богдановиќ, висината на пеналите расте, па според моменталната состојба на терен и динамиката на одвивање на градежните работи, сумата може да стигне и до 10 милиони денари месечно.

    „За една година по основ пенали поради пробивање на роковите за градба во буџетот на Општината влезени се околу 1 милиони евра. Во моментов, покрај ‘Лимак‘ пенали плаќаат уште две фирми, но нивните суми се многу помали за разлика од турсkиот инвеститор бидејќи станува збор за помали објекти. Сега, месечно во Oпштината по овој основ вкупно наплатува 6 милиони денари“, вели Богдановиќ.

    Во септември 2018, турски „Лимак“ повторно го промовираше проектот за подземнaта сообраќајница за чија изградба договорот беше потпишан уште во март 2012 со тогашниот градоначалник Коце Трајановски и беше најавено дека ќе биде готова за 6 години. Но, со градежни активности се почна дури пред година и пол. На прес-конфренцијата на која присуствуваа тогашните премиер Зоран Заев и вицепремиер Кочо Анѓушев, градоначалниците на Скопје Петре Шилегов и на Општина Центар Саша Богдановиќ, претставниицте на „Лимак“ кажаа дека улицата ќе биде готова за 2 години. Паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот, кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира