ЛОЗАРИТЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ ЗА ГРОЗЈЕТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛОЗАРИТЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ ЗА ГРОЗЈЕТО

    Лозарите од Тиквешко реагираат дека сѐ уште им е платена втората рата за грозјето продадено минатата година, а рокот истекува во среда. Денеска во Скопје претставници на лозарите и винарите имаат средба со министерот и заменик-министерот за земјоделство, а се разговара за состојбите во секторот.

    Министерството за земјоеделство, шумарство и водостопанство вели дека до почетокот на овој месец, околу 46 проценти од парите за грозјето се исплатени.

    „Дваесет и седум проценти од грозјето било исплатено во рок од седум дена по откупот, со искористување на законската можност за исплата на денар помалку по килограм во таков случај“, вели Министерството.

    По исплатата на првичните дваесет, сега до среда на лозарите треба да им бидат исплатени уште четириесет проценти од парите за продаденото грозје.

    Лани беа откупени околу 140 милиони килограми винско грозје. Смедеревката се откупуваше по 11 денари за килограм со 17 и 18 шеќерни единици, а вранецот по 13 денари за килограм со 19 и 20 шеќерни единици. Од вкупно 75 винарници, откуп на грозје вршеле 50.

    Од Министерството  велат дека во 2016 имало зголемен извоз на наливно вино во Европската Унија за 55 проценти во однос на 2015. Стопроцентно  била исполнета и квотата за флаширано вино. Извозот на ова вино во 2016 бил зголемен за седум отсто, споредено со 2015.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира