МАЏИР МААЛО ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА КАНАЛИЗАЦИЈА

    МАЏИР МААЛО ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ ЗА ПРВ ПАТ ДОБИВА КАНАЛИЗАЦИЈАЖителите на оваа населба во најстрогиот центар на главниот град немаат канализациона мрежа и се принудени да користат септички јами. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на населбата Маџир Маало во најстрогиот центар на Скопје за прв пат ќе добијат канализација. Општина Центар со грант од Министерството за транспорт и врски почна со реконструкција на улицата Петричка, на која ќе се постави атмосферска и фекална канализација и нова водоводна мрежа. Со тоа ќе се реши проблемот на жителите на оваа скопска населба, кои поради неизградена канализациона мрежа беа принудени да користат септички јами.

    „Овде на улица Петричка се работи на изградба на фекална и атмосферска канализација во должина од 450 метри и реконструкција на водоводната мрежа. Со овој инфраструктурен зафат го решаваме долгогодишниот проблем на жителите. По завршување на овој зафат, Општина Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2. 700 метри квадратни“, изјави градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ

    Богданович кажа дека Општината работи и на други капитални инфраструктурни проекти, кои се однесуваат на поставување подземна канализациона мрежа како и реконструкција и рехабилитација на улици и тротоари на територијата на Општината. Станува збор за улици во населбите Водно, Буњаковец, Дебар Маало и Капиштец кај кои, во зависност од потребите, се спроведува обнова на атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа, како и замена на постоечка асфалтна површина.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира