Она што ќе треба да се добие како казна ќе биде во максималните нивоа, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ако одредени трговски претпријатија бидат затекнати како не ги почитуваат антикризните мерки воведени од Владата во однос на продажбата на производи по набавна цена и брз ДДВ. Тој при денешната посета на Битолската млекарница беше прашан дали Владата ги има под контрола сите антикризни мерки зашто во Битола се чувствува недостиг на брашно и масло.
„Државата ги презема сите маханизми, а тоа се мерките кои се донесени и инспекциските служби се обидуваат да бидат секаде каде што тоа е потребно. За жал, на другата страна не секогаш ќе имате општество одговорни претпријатија, тоа значи дали имаат во залихи, а не ги пуштаат во оптег одредени продукти, тешко дека ќе можеме секаде да стасаме. Но, таму каде имаме информација конкретна за такви случаи инспекциските служби адекватно реагираат и ќе реагираат, а тоа што треба да се добие како казна ќе биде во максималните ново зашто ние кажавме на сите производствени капацитети дека во овој момент кога се соочуваме со вакав криза нашите граѓани треба да бидат спокојни дека има храна за сите“, рече Битиќи.
Ж. ЗДРАВКОВСКА