Меѓу заболените битолчани има и дете, потврдија од Министерството за здравство. Од таму велат дека последните двајца регистрирани битолчани од вчера, позитивни на коронавирус, се сопруг и дете на веќе заболена битолчанка од претходните кластери.
Во Битола вкупно има осуммина со КОВИД-19. Меѓу нив заразени се медицински лица од приватна болница, како и еден битолчанец од дом за стари лица, каде се земени брисеви и на други лица кои дошле во контакт со него.
Ж. ЗДРАВКОВСКА