МЕРКО ИСЕЧЕ 50-ГОДИШНИ ДРВЈА ОТИ ИМ ВЛЕГУВАЛЕ ВО ПРОЗОРЦИТЕ НА СТРУЖАНИ

    МЕРКО ИСЕЧЕ 50-ГОДИШНИ ДРВЈА ОТИ ИМ ВЛЕГУВАЛЕ ВО ПРОЗОРЦИТЕ НА СТРУЖАНИДрвата кои се денес исечени се наоѓаат во близина на црквата Свети Ѓорѓија во Струга.(Фото: СДК.МК)

    При реконструкцијата на дел од шеталиштето во центарот на Струга денеска општинските власти исекоа три 50-годишни дрвја.

    Откако екипите ангажирани од Општината почнаа со сечата, на шеталиштето се собраа граѓани кои бараа од нив да престанат со уништување на зеленилото. Но, работниците продолжија да сечат, по што следеше жестока кавга, па сечата беше прекината.

    Градоначалнiкот на општина Струга Рамиз Мерко вели дека на централното шеталиште во Струга биле исечени три стари дрвја бидејќи тие им влегувале во прозорците на стружани во блиските згради.

    „Одлучивме да ги исечеме овие дрвја затоа што имавме поплаки од станарите на неколку згради кои се жалеа дека гранките им влегувале во прозорците и балконите. Тие дрвја се стари повеќе од педесет години. Наша определба е на местата на исечените дрва, да посадиме нови садници“, ни изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира