МЕСТО ВОЗОВИ, ФРЧАТ ТУЖБИ ЗА ПРУГАТА КОН ГРЦИЈА, ОД 17 КИЛОМЕТРИ ИЗГРАДЕН САМО ЕДЕН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МЕСТО ВОЗОВИ, ФРЧАТ ТУЖБИ ЗА ПРУГАТА КОН ГРЦИЈА, ОД 17 КИЛОМЕТРИ ИЗГРАДЕН САМО ЕДЕН

    Повеќето од домашните фирми подизведувачи го тужат бугарскиот конзорциум за неисплатените плати кои им ги должи за градежните работи на пругата од Битола до грчката граница, соопштија за САКАМДАКАЖАМ.МК работници од фирмите. Се работи за повеќе фирми кои одделно поднеле тужби за конзорциумот барајќи по судски пат да им се исплати сработеното. Според работниците, тужбите биле поднесени во изминатите два месеца откако ја изгубиле секоја надеж дека изведувачите ќе ги исполнат договорите и ќе им ги исплатат парите.

    „Ги дадовме на суд, но досега не е одржано ни едно рочиште. Исплатени ни се само плати за минатата година, а за годинава ни должат за првите седум месеци. Се работи за повеќе фирми подизведувачи со преку 130 ангажирани работници од шофери, машинисти и други профили, на кои бугарските компании им останаа должни“, рече Самир Елмази, еден од вработените во фирмите подизведувачи.

    Конзорциумот беше составен од три бугарски и една македонска компанија. Тоа се „Понстрој инженеринг“, „Трејс“, „Водстрој“ и „Карпош“. Во изградбата како подизведувачи беа ангажирани повеќе домашни комапнии. За проектот од ИПА фондовите беа одделени 20 милиони евра. Во јавноста засега нема официјален податок колку од овие средства им беа исплатени на бугарските компании.  

    На подизведувачите конзорциумот им должи 600 илјади евра. Исплатени им се платите од лани, а за годинава не добиле ни денар.

    И министерот за транспорт и врски Владимир Мисајловски им предложи на работниците да си ги побараат правата според договорите што ги направиле со изведувачите.

    „Им објаснив и на оние компании што се затечени и што имаат договор со главните изведувачи дека нивна обврска е тоа што го имаат меѓусебно потпишано како договор, а што не е одобрено од Министерството за транспорт и врски, дека треба согласно договорот да си ги бараат своите права“, изјави Мисајловски.

    Тој конечно призна дека е раскинат договорот со конзорциумот од бугарски фирми поради непочитување на договореното. Најави дека ќе се активира наплата на банкарската гаранција. За пругата рече дека ќе продолжи да се гради откако на тендер ќе се избере нов изведувач.   

    Мисајловски точно пред една година при посетата на пелагониската општина Новаци најави дека пругата интензивно се работи и дека ќе биде готова до крајот на јули 2016 година. Но, наместо тоа, летово запреа градежните работи и од 17 километри, изграден е само еден километар пруга.   

    Изградбата на пругата кон Грција  е предизборно ветување кое редовно се ставаше во изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ, а беше и едно од изборните ветувања на градоначалникот Владимир Талески со назнака дека крак од желеницата ќе стигнува и до индустриската зона „Жабени“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира