„МЕТИ СИ СО КЛАСНЕТО“ ОРГАНИЗИРА ИЗБОР НА НАЈКРЕАТИВНА СКУЛПТУРА ОД ЃУБРЕ ВО БИТОЛА

    „МЕТИ СИ СО КЛАСНЕТО“ ОРГАНИЗИРА ИЗБОР НА НАЈКРЕАТИВНА СКУЛПТУРА ОД ЃУБРЕ ВО БИТОЛАОд акцијата за чистење на ѓубрето кај битолската касарна (Фото:„Мети си со Класнето“)

    Натпревар за најкреативна скулптура изработена од ѓубре во Битола организираат еко-активистите „Мети си со Класнето“ предводени од професорката Марија Магдалена Петковска-Микаровска и компанијата „Божиновски часовници и накит“. На натпреварот до оваа недела можат да се пријават ученици, родители, наставници, младински работници и други битолчани кои до 20 декември ќе треба да ја подготват скулптурата од ѓубре.

    Скулптурата треба има димензии од 25х25х25 сантиметри, а покрај неа ќе бидат изложени и следните податоци колкава количина на ѓубре е искористена, каков смет и од која локација е собрано, по можност и фотографии од местото. Ќе треба да достават и кратка приказна за скулптурата со цел опис на идејата.
    Најубавите скулптури ќе бидат наградени, а сите ќе бидат понудени на аукција за донирање на средства за изработка на битаничка градина на покривот на Центарот за култура во Битола.

    „Да го закитиме предновогодишното расположение со овој настан кој пред сѐ ќе биде креативен и нов начин за подигање на свеста за сите нас“, велат организаторите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари