МИНИСТЕРОТ САДУЛА ДУРАКИ ГО ОТВОРИ ВЕНТИЛОТ, ПОЧНА ДА СЕ ПОЛНИ БРАНАТА „ПАЉУРЦИ“

    МИНИСТЕРОТ САДУЛА ДУРАКИ ГО ОТВОРИ ВЕНТИЛОТ, ПОЧНА ДА СЕ ПОЛНИ БРАНАТА „ПАЉУРЦИ“Нивото на водата во резервоарот Паљурци е на минимум па затоа е сопрено наводнувањето на земјоделските површини (Фото: В. Трајков)

    Министерството за животна средина ги вклучи пумпите од системот кај Ѓавато за дотур на вода во браната „Паљурци“ кај Богданци. Нивото на водата на оваа брана викендов падна под минималната точка, заради што „Водостопанство“ ги затвори вентилите за наводнување на земјоделските површини.

    Според информациите, браната „Паљурци“ во моментов се полни со 100 литри во секунда, а се очекува во текот на денот да се зголеми дотурот на вода со активирање на останатите две пумпи, за да може во наредните три дена да се нормализира состојбата со нивото на водата во браната.

    Поради неповолните хидролошки состојби и немањето контуиниран дотек на вода во „Паљурци“, браната речиси се исуши и беше стопирана испораката на вода за наводнување за околу 2.000 хектари земјоделски површини.

    Викендов, земјоделците од Општина Богданци реагираа и стравуваа дека ќе се исуши засеаниот зеленчук, а последици ако нема вода ќе има и врз лозовите и овошните насади.

    Акционерското друштво „Водостопанство“ на 13 јуни го известило Министерството за животна средина дека браната „Паљурци“ е испразнета и мора да се интервенира со дотур на вода од системот „Спас за Дојранското Езеро“ на кој е приклучена браната во случај на неповолни хидролошки услови.

    Министерот Садула Дураки, за време на конфликтот во 2001 како член на ОНА беше познат како Командант Вентиљи. Тој летото 2001 три месеци го држеше затворен вентилот на Липковската брана и Куманово и цел регион беше без вода.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира