МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД Ѝ ГИ ЗЕДЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА УШТЕ ЕДНА ГРАДИНКА, А СОВЕТОТ НЕ ГО ИЗГЛАСА НИВНИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО УПРАВНИОТ ОДБОР

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД Ѝ ГИ ЗЕДЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА УШТЕ ЕДНА ГРАДИНКА, А СОВЕТОТ НЕ ГО ИЗГЛАСА НИВНИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО УПРАВНИОТ ОДБОРВо „Мајски цвет“, втората најголема градинка во Битола, се згрижени над 670 деца. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за труд и социјална политика им ги одзеде ингеренциите на Советот на Општина Битола и на градоначалникот Тони Коњановски да одлучуваат за работата на втората најголема градинка во Битола, „Мајски цвет“, со над 670 деца. Во образложението пишува дека Советот и градоначалникот не постапиле по доставеното укажување од минатиот месец за преземање мерки и активности во донесување на Годишната програма за работа, извештајот и именување претставник од установата како член во Управниот одбор на градинката.

    Ова е втора градинка во Битола за која на локалната самоуправа, и покрај децентрализацијата, ѝ се одземаат надлежностите. Со градинките управуваат кадри од претходната локална власт на СДСМ и ЛДП, а во Советот мнозинството го предводи ВМРО-ДПМНЕ. На денешната седница на Советот, не беше усвоена точката на дневен ред за именување на претставник од Министерството за труд во Управниот одбор на градинакта.

    Минатиот месец, Министерството им ги одзеде ингеренците на Советот и на градоначалникот за најголемата градинка во Битола, „Естреја Оавдија-Мара“, каде ситацијата беше идентична. Општинското советничко мнозинство немаше изгласано член на Управен одбор од редовите на вработените во градинката.
    Опозиционата СДСМ во Битола обвини дека локалната власт намерно ја парализира работата на градинките каде не може да ги промени директорите, а градоначалникот одржа прес-конференција на која рече дека централната власт продолжува со опструкции директно удирајќи по воспитниот процес.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира