МИНИСТРИ, ГРАДОНАЧАЛНИК, ДИРЕКТОРИ И ПОПОВИ СВЕЧЕНО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ПАРКИНГ ВО ЛЕШОЧКИ МАНАСТИР

    МИНИСТРИ, ГРАДОНАЧАЛНИК, ДИРЕКТОРИ И ПОПОВИ СВЕЧЕНО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ПАРКИНГ ВО ЛЕШОЧКИ МАНАСТИРПаркингот е со површина од 2.300 метри квадратни и има околу сто места за автомобили и неколку за автобуси. (Фото: З. Андонов)

    Лешочкиот манастир доби паркинг, што долго време беше значаен инфраструктурен проблем. На свеченото предавање во употреба на паркингот присуствуваа mинистерот за локална самоуправа Горан Милевски, вицепремиерот Љупчо Николовски, градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани, директорот на Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи, заменик-министерoт за локална самоуправа Зоран Димитровски, директорот на Специјалната болницата за белодробни заболувања Исмаил Ваити, претставници од МПЦ и други гости.

    „Изградбата на овој паркинг простор беше по барање на Општина Теарце, владиката Тетовско-Гостиварски Јосиф и жителите на село Лешок. Општина Теарце аплицираше до Бирото за рамномерен регионален развој, а Владата сметаше дека овој проект има значење за развојот на овој регион и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари. Со тендерските постапки дури и ја намаливме вредноста на изградбата на објектот. Сега ќе им се овозможи доволно паркинг простор сите туристи кои доаѓаат да го посетат Лешочкиот манастир, а истиот ќе послужи и за потребите на специјалната болницата за белодробни заболувања“, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

    Паркингот е со површина од 2.300 метри квадратни и има околу сто места за автомобили и неколку за автобуси.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира