МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ОД ВОДОВОДОТ ВО ГОСТИВАР, КАЖА АНГЕЛОВ И КРИЗНИОТ ШТАБ СЕ НАПИ ВОДА

    МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ОД ВОДОВОДОТ ВО ГОСТИВАР, КАЖА АНГЕЛОВ И КРИЗНИОТ ШТАБ СЕ НАПИ ВОДАВодата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење, водата е безбедна, соопшти денеска  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој е и шеф на Главниот штаб за управување со кризи.

    Водата е прогласена за безбедна за пиење откако во три последователни примероци не се најдени бактерии, додаде тој.

    Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули, откако институциите утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Заразени се над 5.000 граѓани, од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во градот.

    Од 27 јули водата во Општина Гостивар можеше да се користи како техничка вода, односно може да се користи за бањање и за сите останати потреби во рамки на домаќинството.

    На 21 јули, Основното јавно обвинителство Гостивар соопшти дека отвори истрага, по што судот изрече  триесетдневен притвор за директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ и за двајца раководители на сектори, кои се сомничат за тешки дела против животната средина и природата. Тројцата се товарат дека дале налог за поставување пумпи со кои непречистена вода се мешала со водата за пиење, што доведе до масовно заболување на граѓаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира