МОЖЕ ДА СЕ УРНЕ ЦЕЛИОТ ТАВАН НА ГРАДИНКАТА, ФИРМАТА ИМА ПРОПУСТИ ПРИ ИЗВЕДБАТА, РЕЧЕ ЈАКИМОВСКИ

    МОЖЕ ДА СЕ УРНЕ ЦЕЛИОТ ТАВАН НА ГРАДИНКАТА, ФИРМАТА ИМА ПРОПУСТИ ПРИ ИЗВЕДБАТА, РЕЧЕ ЈАКИМОВСКИГрадинката „Мајски цвет“ беше реновира во 2020, а изведувач на градежните работи е фирмата ДГПП „Инженеринг гроуп“ од село Желино, Тетово. (Фото: Принтскрин Општина Карпош)

    Таванот на градинката „Мајски цвет“ во скопско Тафталиџе паднал бидејќи не бил направен соодветно и според прописи при реконструкцијата пред две години. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека побарал увид од експерти при што биле констатирани недостатоци при изведбата на плафонот.

    Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што шрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година“, рече Јакимовски.

    Градоначалникот вели дека ќе побара ребаланс на буџетот за да се изврши санација и да бидат децата безбедни.

    Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе беше реновира во 2020 во времето на ексградоначалникот Стефан Богоев. Изведувач на градежните работи е фирмата ДГПП „Инженеринг гроуп“ од село Желино, Тетово.Тогаш од Општината информираа дека по неколкумесечна интензивна работа направена е реконструкција на сите тоалети, променети се прозорците и вратите, за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат сметките за загревање за 30 отсто. Исто така, направена е целосна реконструкција на фасадата, на дел од кровната површина, како и на повеќе занимални.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира