МПЦ ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТА АКО НАПЛАТУВА ПАРКИНГ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ЗА ПАРКИНГОТ КАЈ ЦРКВАТА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

    МПЦ ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТА АКО НАПЛАТУВА ПАРКИНГ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ЗА ПАРКИНГОТ КАЈ ЦРКВАТА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦАЗа месечно паркирање се плаќа 1.000 денари, кои се уплаќаат како донација на црквата.(Фото: СДК.МК)

    Ако црквата продолжи да наплатува за паркирање на плоштадот Пресвета Богородица ќе бидат казнети, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто Градот дозволува пешачката зона да биде претворена во паркинг со наплата.

    „Инспекциските служби на Град Скопје се излезени на лице место, комунициран е секретарот на владиката Стефан. Доколку постои една таква состојба ќе биде отстранета, во спротивно ќе изречеме казна на Македонската православна црква“, рече Шилегов.

    Плоштадот Пресвета Богородица кој е пешачка зона пред истоимената црква во Скопје е претворен во паркинг, на кој за паркирање наплатува црквата, но полицијата не казнува за погрешно паркирање. За месечно паркирање се плаќа 1.000 денари, кои се уплаќаат како донација на црквата.

    Целиот плочник пред црквата, просторот меѓу спомениците и фонтаните, како и делот пред новата барокна зграда каде се сместени владини институции и факултетот за филмска уметност е блокиран со коли. Но, на овој плоштад возилата никој не ги казнува, ниту ги подигнува пајак службата бидејќи сопствениците плаќаат на црквата месечен билет за паркирање.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари