Претседателот на кумановската општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски ќе добие кривична пријава за насилство од МВР, поради инцидентот што пред три дена се случи на протестот „За заедничка Македонија“ во центарот на Куманово.
Од полицијата соопштуваат дека, насилството се случило во вторникот во 19.40 часот на улицата „Илинденска“ пред кафе барот „Корзо“, кога двајца трактористи од селото Пчиња тргнале дома по завршување на маршот. Тогаш ги пресретнал Костовски, ко излегол од општинските простории во зградата на поранешен Комитет и почнал да упатува навредливи зборови кон присутните. Н.М.(23) го повлекол од тракторот и физички го нападнал ударајќи го со тупаници во пределот на телото, нанесувајќи му при тоа телесни повреди-контузија на кичмата.
Веднаш по инцидентот Костовски бил приведен во Кумановската полиција и по извршен алкотест откриени му се 1.47 промили алкохол во крвта.
Ден по инцидентот, претседателот на разгранокот на СДСM тврдеше дека немало физичка пресметка туку само расправија која настанала откако трактористите му го поречиле патот и го провоцирале кога излегол на улицата.