НА ГАЛИЧИЦА КАЈ ОХРИД ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА РЕПРОДУКТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЕЛЕНИ

    НА ГАЛИЧИЦА КАЈ ОХРИД ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА РЕПРОДУКТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЕЛЕНИЦентарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (Фото: СДК.МК)

    Во националниот парк Галичица почна изградбата на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и шест мажјаци) и ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

    „Проектот вреден 340.000 евра е дел од програмата на Европската унија ‘Подобрување на управувањето со заштитените подрачја‘, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање”, сооштија од Националниот парк.

    Националниот парк Галичица во рамките на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми, со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари