НА ПЕДАЛИНКА НЕ СМЕЕ БЕЗ ЕЛЕК ЗА СПАСУВАЊЕ, ВЕЛИ ЗАКОНОТ ЗА ПЛОВИДБА, А МОМЧЕТО ШТО СЕ УДАВИ ВО ПРЕТОР НЕ НОСЕЛО

    НА ПЕДАЛИНКА НЕ СМЕЕ БЕЗ ЕЛЕК ЗА СПАСУВАЊЕ, ВЕЛИ ЗАКОНОТ ЗА ПЛОВИДБА, А МОМЧЕТО ШТО СЕ УДАВИ ВО ПРЕТОР НЕ НОСЕЛОПо несреќата во Претор, кога по скок од педалинка во водите на Преспанското Езеро исчезна 16-годишно момче, полицијата сѐ уште нема детални информации дали лицата носеле елеци за спасување. (Фото. СДК.МК)

    Лицата кои се возат со чамец или педалинка мора да носат појас појаси за спасување, се предвидува со Законот за внатрешна пловидба. Според измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба, лицата кои се наоѓаат во чамец на воден млазен погон, скутер, даски за едрење, кајак, кану, спортски реквизити за водни спортови и педалини на себе мора да имаат појаси за спасување.

    По несреќата во Претор, кога по скок од педалинка во водите на Преспанското Езеро исчезна 16-годишно момче, полицијата сѐ уште нема детални информации дали лицата носеле елеци за спасување. Нуркачи кои учествуваа во потрагата по исчезнатиот рекоа дека момчињата не носеле елеци.

    Сопственикот на педалините од Претор, Ведат Адемовски од Асамати, изјави дека педалинката не се превртела туку дека била во исправна состојба, а момчињата скокале од неа.

    Несреќата се случи во неделата околу 18 часот, а потрагата по момчето сѐ уште трае.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира