НА ПЕЛИСТЕР ГАСНЕА ЕР ТРАКТОРИ, ПОЖАРОТ УШТЕ Е АКТИВЕН

    НА ПЕЛИСТЕР ГАСНЕА ЕР ТРАКТОРИ, ПОЖАРОТ УШТЕ Е АКТИВЕНГолемите облаци чад што се издигаа над планинскиот врв веќе ги нема, но од битолската Противпожарна единица велат дека огнот целосно уште не е изгаснат (Фото: СДК.МК)

    Два ер трактора од Дирекцијата за заштита и спасување се вклучија во гаснењето на пожарот што избувна во Националаниот парк Пелистер. Големите облаци чад што се издигаа над планинскиот врв веќе ги нема, но од битолската Противпожарна единица велат дека огнот целосно уште не е изгаснат.

    „Канадерите гаснеа полнејќи вода од Преспанското Езеро. Но, тие не можат да гаснат преку ноќ, па состојбата и понатаму е неизвесна“, рече Костадин Поповски, командир на битолската пожарна.

    На терен остануваат екипите со пожарникари, вработени од Националниот парк, како и планинари доброволци кои водат битка со огнот за спас на планината.

    Пожарот избувна попладнево кај месноста викана Семафор, на околу 1800 метри надморска височина и непристапен терен за возила.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари