НА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ГЛЕДАМ ПОЗИТИВНО, НЕМА ПРИЧИНА ЗА ПОЛИТИЧКА КРИЗА, ВЕЛИ ЕУ АМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

    НА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ГЛЕДАМ ПОЗИТИВНО, НЕМА ПРИЧИНА ЗА ПОЛИТИЧКА КРИЗА, ВЕЛИ ЕУ АМБАСАДОРОТ ЖБОГАРЕУ амбасадорот Самуел Жбогар вели дека во СЈО се сконцентрирани голема експертиза и знаење и кај обвинителите и кај истражителите и треба да се искористи и понатаму тоа знаење. (Фото: СДК.МК)

    Евроамбасадорот Самуел Жбогар денес во Новаци рече дека случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво и го поддржуваат да работи на вакви случаи.

    „Се трудам да го гледам случајот од позитивна гледна точка. Овој случај покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата, дека поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и го поддржуваме јавното обвинителство да биде поангажирано и да работи на вакви случаи“, рече Жбогар.

    Тој додаде дека нема причина за политичка криза, функционираат институциите и самото СЈО. Рече дека точно е оти Јанева даде оставка и тоа е земено предвид, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември, дотогаш има доволно време политичките партии да размислат како ќе продолжи работата на СЈО. Има време тоа да се реши.

    „Во однос на Јанева има многу шпекулации и не сакам да навлегувам во тоа. Факт е дека СЈО беше многу корисно и важно за случаите што ги покрена. Таму има концентрирана е голема експертиза и знаење и кај обвинителите и кај истражителите и треба да се искористи и понатаму тоа знаење, може понатаму да се интегрира и зачува тоа знаење“, рече Жбогар.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари