НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОСТАВУВА КАМЕРИ КОИ ЌЕ СНИМААТ ПОГРЕШНО ПАРКИРАЊЕ

    НА УЛИЦАТА ОРЦЕ НИКОЛОВ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОСТАВУВА КАМЕРИ КОИ ЌЕ СНИМААТ ПОГРЕШНО ПАРКИРАЊЕНа оваа улица ќе нема вработени во „Паркинзи Центар“ да пишуваат казни туку камерите ќе снимаат и ќе ги пропознаваат возилата кои не се резидентни. (Фото: К. Попов)

    На улицата Орце Николов, која во моментов се реконструира за да се ослободат тротоарите од паркирани возила, се поставуваат и камери. На новите канделабри за улично осветлување долж улицата ќе има и камери кои ќе го снимаат паркирањето. Во моментов, камери се поставени само во првиот дел кој викендов беше завршен, но сè уште не функционираат.

    Директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски вели дека камерите се дел од системот и проектот за смарт сити.  На оваа улица, како што вели тој, ќе нема вработени кои ќе пишуваат казни туку камерите ќе снимаат и ќе ги пропознаваат возилата кои не се резидентни, односно не смеат да се паркираат долж Орце Николов.

    „Камерите за поставени да се снимаат паркинг местата и истите ќе праќаат информации до системот дали паркинг местата се слободни или полни. Системот ги препознава и регистарските таблички со што ќе се знае дали возилата имаат дозвола да се паркираат во тој регион. Казната ќе се испраќа по пошта на домашна адреса“, вели Кичевски.

    Со реконструкцијата на Орце Николов паркирањето ќе биде паралелно во таканаречени џебови. Според сегашното решение, на улицата има 180 паркинг места, а со новото ќе се намалат на 80. Со тоа на улицата ќе биде воведено резиденцијално паркирање односно ќе можат да се паркираат само жителите на Дебар Маало.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира