НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ЦРТААТ 3-Д ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗА ДА НЕ СЕ ВОЗИ БРЗО

    НА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ЦРТААТ 3-Д ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ ЗА ДА НЕ СЕ ВОЗИ БРЗО3-Д пешачките премини создаваат оптичка илузија која ги тера возачите да ја намалат брзината на возилата.- Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве го изведоа првиот ваков пешачки премин на улицата Самоилова кај Музејот на современа уметност.(Фото: СДК.МК)

    Тридимензионални (3-Д) пешачки премини се цртаат низ улиците и булеварите во Скопје. ЈП „Улици и патишта“ деновиве почна со изведување на ваков пешачки премин улицата Самоилова кај Музејот на современа уметност, а во наредниот период ќе се бележат и други локации кои се посочени како црни точки.

    Овие пешачки премини создаваат оптичка илузија која ги тера возачите да ја намалат брзината на возилата.

    „Почнавме од улицата кај Музејот на современа уметност како пилот проект, да видиме како ќе функционираат. Во наредниот период ќе се бележат уште неколку помали улици, за да го усовршиме начинот на бележење а потоа ќе продолжиме на булеварите. Градот ќе добие нов имиџ. Работите со механизацијата на претпријатието, како дел од тековните активности што значи дека немаме дополнителни трошоци. За 3-Д пешачки премини не требаат многу пари а се многу ефективни. Во голем број европски градови на овој начин се регулира безбедноста на улицата. Преминот создава чувство кај граѓаните дека на улицата има подигнат премин што ги наведува да ја намалат брзината“, вели Сенад Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“.

    Според планот предвидено е тридимензионален пешачки премин да се нацрта на улицата Борис Сарафов во населбата Ѓорче Петрoв, каде мината недела беше прегазено 10 годишно дете, како и низ други улици и булевари каде се вози со голема брзина и се црни точки во Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира