НАД 20 ЧАСА СЕ ГАСИ ПОЖАРОТ ВО ЗГРАДА ВО СКОПСКИ ЧАИР, ЌЕ ПОМАГА И АРМИЈАТА СО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО

    НАД 20 ЧАСА СЕ ГАСИ ПОЖАРОТ ВО ЗГРАДА ВО СКОПСКИ ЧАИР, ЌЕ ПОМАГА И АРМИЈАТА СО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛОГаснењето се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина запаливи материјали. (Фото: ЦУК)

    Пожарот во скопски Чаир е активен и по 20 часа откако избувна ноќеска во 01:55, а пожарникарите не можат да го изгаснат оти во подрумот има складирано запаливи материјали. Како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), гаснењето се одвива отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали.

    „Дополнително, како помош на скопските пожарникари, ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата“, велат од ЦУК.

    Четириесет и три лица се хоспитализирани по пожарот во зградата во Чаир. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување, а на Клиниката за детски болести биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Помеѓу хоспитализираните имал и еден полицаец и еден пожарникар. Сите пациенти се во стабилна состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира