НАД 300.000 МЕТРИ КУБНИ ДНЕВНО СЕ ТРОШИ ВОДА ВО СКОПЈЕ, ОД „ВОДОВОД“ АПЕЛИРААТ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ

    НАД 300.000 МЕТРИ КУБНИ ДНЕВНО СЕ ТРОШИ ВОДА ВО СКОПЈЕ, ОД „ВОДОВОД“ АПЕЛИРААТ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕОд „Водовод“ апелираат да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување.(Фото: СДК.МК)

    Над 300.000 метри кубни вода се троши во Скопје дневно изминатиов месец. Поради високите температури зголемена е потрошувачката на вода, а од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелираат рационално и внимателно да се користи водата. Особено, велат оттаму, да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување.

    „Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40 степени, како и подaтoците на ‘Водовод и канализација’е за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300.000 метри кубни, апелираме до жителите на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од претпријатието имаат проблем и со дивите приклучоци на мрежата во скопски Сарај, Крушопек и Долна Матка. Како што велат од „Водовод“, неделно се исклучуваат дваесетина диви приклучоци, а акции за откривање нелегално приклучување на мрежата се вршат секој ден.

    „Дивите приклучоци се забранети со Законот за водоснабдување, член 23 и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на Општината и на Градот. За сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело. Апелираме до граѓаните  доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација“, велат од претпријатието.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира