НАД 6.000 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАМИНАА НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА

    НАД 6.000 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАМИНАА НА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈАНа граничниот премин Богородица кај Гевгелија повторно се создадоа колони, но немаше подолги задржувања за излез од државата. Нешто повеќе се чекаше за влез во Грција (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од шест илјади македонски граѓани ја напуштиле државата во последниве 24 часа и заминале на продолжен викенд во соседна Грција. На граничниот премин Богородица кај Гевгелија повторно се создадоа колони, но немаше подолги задржувања за излез од државата. Нешто повеќе се чекаше за влез во Грција.

    На македонска страна функционираа сите пет излезни ленти и според командирот на полициската станица Богородица Миле Тошев, на овој граничен премин се чека онолку колку што е потребно да се завршат пасошките контроли.

    „Од вчера од 9 часот до денеска до 9 часот, низ овој граничен премин поминале 12 илјади патници од кои 6 илјади се македонски државјани. Останатите се државјани на Србија и Романија. Нема поголеми задржувања на граничниот премин овде. Се чека не повеќе од пет до десет минути за излез. Ставени се во функција сите пет излезни ленти. Ваква ситуација очекуваме и в недела попладне кога туристите ќе се враќаат“, вели  Тошев.

    Речиси идентична е состојбата и на граничниот премин Дојрани, каде исто така нема чекање за излез од државата.

    Најчеста дестинација на македонските државјани се краците на Халкидики во Грција каде планираат до отседнат до недела. Претежно се во апартманско сместување и во хотели на Касандра, но и на олимписката ривиера. Се одлучиле за одмор на море поради ниските цени на сместувањето во овој период од сезоната.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира