НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СО КОВИД-19 ВО БИТОЛА СЕ ОД 25 ДО 50 ГОДИНИ, А АМБУЛАНТСКИ СЕ ЛЕКУВААТ И 16-ГОДИШНИЦИ

    НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ СО КОВИД-19 ВО БИТОЛА СЕ ОД 25 ДО 50 ГОДИНИ, А АМБУЛАНТСКИ СЕ ЛЕКУВААТ И 16-ГОДИШНИЦИМногу е лесно да се обезбедат креветите, но се соочуваме со силен недостаток на кадар, вели директорката на Битолската болница д-р Билјана Гагачовска; - Модуларната болница. (Фото: СДК.МК)

    Во Ковид-центарот во Битола веќе нема пациенти кои се со полесна, туку сите се со многу тешка клиничка слика, на кислородна поддршка, со тешки воспалителни процеси на белите дробови. Според утинските податоци, вкупно се хоспитализации 123, а како што соопшти инфектологот, примариус д-р Ели Димитровска, најголемиот број болни кои се сместени во Ковид-центарот се на возраст од 25 до 50 години, а амбулатно да се лекуваат доаѓаат и помлади лица.

    „Се работи за пациенти од различни возрасни групи, но во овој нов бран имаме пацинети кои се млади од 25 до 50 години и тоа е воглавно најголемата бројка од нашите хоспитализирани пациенти кои се, за жал, многу тешки и во некои случаи нашите преземени терапевтски мерки не покажуваат клинички ефект, па во последните денови имаме и многу смртни исходи. Имаме пациенти од 25, 28, 30 години, амбулатно ни доаѓаат и 16-годишни, старосната граница е многу спупштена кон помладата популација“, вели д-р Димитровска.

    Денес и модуларната болница во Битола ќе ги прими првите пациенти, со тоа Ковид-центарот кој ги опфајќа и Инфективното и Одделението за физикална терапија ќе финкционира со 170 кревети и ќе го покрива целиот регион околу Битола.

    „За жал, кадарот е преуморен и ние се соочуваме со недостаток на кадар. Многу е лесно да се обезбедат креветите, но некој треба да ги лекува пациентите. Се соочуваме со силен недостаток на кадар“, рече директорката на Битолската болница д-р Билјана Гагачовска.

    Таа посочи дека од денес започнуваат и со затворање на неургетните одделенија, одат во сменско работење, за да можат обемот на работа да ги покријат со медицински персонал.

    „Болницата почнува да функционира итно и ургентно. Се примаат итни и ургентни состојби, да не доаѓаат граѓани ако немаат вистинска и итна потреба од тоа во овој период, да ги издржиме следните три недели. Кадарот е пренасочен и ротира, ротираат сите специјалности, задолжително во тимовите има тим лидери кои се од носечките специјалности. Работат анестезиолози, интернисти, невролози, повлекуваме и гинеколози и очни доктори. Сите специјализанти се вратени во Битола и излегуваат во пресрет“, рече Гагачовска.

    Од Болницата апелираат граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита.

    „Апел до младите кои се најголеми преносители на инфекцијата да се воздржат од групирање, иако постои полициски час имаме информации дека младите се групираат, си прават журки, забави, апел да се воздржи од групирања, во нив е клучот од решавање на оваа неповолна и страшна состојба“, додаде д-р Димитровска.

    Вчера д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, ја посочи Битола како најголемо жариште на ковид-19 во моментов затоа што базичниот репродукционен број R0 кој покажува колку лица може да зарази еден заболен , изнесува 1,48 и е највисок во државата.

    „Битола е проблем во државата со R0 1,48, односно еден заразува еден и пол граѓанин. Базичниот репродукционен број е различен во сите градови, па во Битола е највисок 1,48, а потоа следи Куманово со 1,18, Тетово нешто над 1, а Скопје за првапат паѓа под единица и е 0,99“, рече д-р Караџовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира