НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈКИ, ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕЛЕШКО ЛАНИ

    НАМАЛЕН Е БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈКИ, ЖРТВИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕЛЕШКО ЛАНИЗа 10 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи во велешко минатата година, споредено со 2023 (Фото: СДК.МК)

    За 10 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи во велешко минатата година, споредено со 2023. Бројките кои ги објави СВР Велес, за подрачјето на град Велес, општините Чашка и Градско, велат дека бројот е помал за 29 сообраќајки. Намален е и бројот на повредени и на жртвите.

    „Во 2024 година се случиле вкупно 278 сообраќајни незгоди, во кои кај 5 лица починале, 181 се повредни од нив  39 биле со  тешко телесни повреди, а кај 142 лица констатирани се телесни повреди.  Во 2023 имало 307 сообраќајни незгоди, во кои кај 6 лица починале, а 218 лица се повредени. 24 лица биле со тешки телесни повреди, а 194 кај лица констатирани се телесни повреди. Од лани има намалување од 10 отсто сообраќајки“, рече Биљана Ѓаковска, портпрол на СВР Велес.

    Од полицијата намалувањето на сообраќајките, жртвите и повредените го припишуваат на превентивните активности кои ги презеле, советувањето на учесниците во сообраќјот.

    „Најдобар показател за ефикасноста на реализираните превентивни активности, работилници, предавања се податоците за опаѓање на бројот на сообраќајки, жртви и повредени. Лани се реализрани 158 настани поврзани со едуакицајта на возачите и пешаците. Ги едуциравме децата, учениците за одење и враќање од школо, ги запознававме со сообраќајните првила и прописи. Ги едуциравме и матурантите, земјоделците како да управуват со земјоделски машини. Преку непосредна комуниакција укажувавме на опасности во сообраќајот“, кажа Ѓаковска. Таа додаде дека делат и печатени флаери изработени од Републичкиот за совет за безбедност во сообраќајот.

    П.ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира