НАМЕСТО ГЛАСОВИ, НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ЃУБРЕ, ПРОТЕСТ КАЈ ТЕТОВСКАТА ДЕПОНИЈА

    НАМЕСТО ГЛАСОВИ, НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ЃУБРЕ, ПРОТЕСТ КАЈ ТЕТОВСКАТА ДЕПОНИЈАОд оваа дива депонија најмногу на удар се наоѓаат жителите на населбата Деребој. Првите куќи од оваа населба се наоѓаат само на десетина метри од депонијата. Од денешниот протест (Фото: З. Андонов)

    Дивата депонија на влезот во Тетово сè уште останува нерешив проблем. Тоните натрупан смет, тешката миризба што постојано се шири и постојаната опaсност од избивање зараза премногу не ги загрижува општинските власти, но затоа пак населението што живее во непосредната близина на депонијата секојдневно се наоѓа на удар на токсичните дејствија. ие и денеска, како и многупати досега се собраа да протестираат и уште еднаш побараа нејзина дислокација.

    “Ова е не одговорност на локалната, но и на централната власт. Четири години се решава проблемот со оваа дива депонија и никако да се реши, дури напротив депонијата од ден во ден сè повеќе се шири. Ова навистина е срам за градот. Не зборувам за поединечни маала или населби, од оваа депонија загрозен е целиот град. Пред една година градоначалничката ни вети дека за нејзиниот мандат овој проблем ќе се реши, но еве гледаме дека нејзиниот мандат помина а проблемот остана нерешен. Само оваа недела тука се истоварени и оставени да стојат над 700 тони отпад. Затоа веднаш треба да реагираат и Министерството за здравство и за екологија со нивниот инспекторатот за животна средина, па и полицијата, бидејќи овој проблем влијае врз здравјето на луѓето“ изјави Исмаил Сабриу кој е еден од најактивните поборници за дислокација на дивата депонија.

    “Оваа депонија се наоѓа веднаш до силосите на Жито Полог од каде поголемиот дел од тетовци се снабдуваат со леб. Со тоа, опасноста по здравјето на жителите на градот од оваа депонија станува уште поголема. Затоа уште еднаш бараме од општинските власти таа под итно да се дислоцира и еднаш за секогаш да се најде трајно решение за овој проблем“, апелираше стопанственикот Владо Мартиновски од Тетово.

    Од оваа дива депонија најмногу на удар се наоѓаат жителите на населбата Деребој. Првите куќи од оваа населба се наоѓаат само на десетина метри од депонијата.

    “Секој временски рок за отстранување на депонијата е пречекорен. Бегањето од проблемот не е решение на проблемот. Ова е голем проблем за населението од нашата населба но и за целиот град, всушност ова е срам за градот Тетово. Ова е четврти протест кој го организираме и сакаме да влијаеме врз институциите да го решат овој проблем што всушност им е и законска обврска но тие се прават глуви“ револтирано изјавува Јусуф Мустафај жител на населбата Деребој.

    Еколошкото Друштво “Екогерила“ е едно од најактивните еколошки организации во градот кое многу пати досега превземало активности за отстранување на оваа дива депонија од влезот на градот.

    “И на нас како екологисти а и на граѓаните на Тетово нѝ беше ветено дека на први април ќе започне дислоцирањето на оваа дива депонија. Но еве гледаме дека досега ништо не е направено. Ова покажува дека властите немаат волја да го решат овој проблем и уште еднаш се покажа дека нив не ги интересира здравјето на граѓаните на Тетово, на нашите семејства на нашите деца. Нив ги интересира само нивниот мандат и нашите гласови па затоа би требало  на следните избори, наместо гласови да им го дадеме ова ѓубрет“ вели екологистот  Аријанид Џафери.

    Од ЈКП Тетово досега во повеќе наврати најавуваа дека наскоро ќе започне да работи транспортната станица во која сиот смет прво ќе се пресува па како таков ќе се носи во депониите Русино и Дрисла, но од сето тоа останаа само ветувања, а планината од смет на дивата депонија на влезот од градот од ден на ден станува се се поголема.

    З. АНДОНОВ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира