НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ЌЕ ЧИСТИМЕ НИЗ ЦЕЛО СКОПЈЕ, А ПОТОА ЌЕ КАЗНУВАМЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ЌЕ ЧИСТИМЕ НИЗ ЦЕЛО СКОПЈЕ, А ПОТОА ЌЕ КАЗНУВАМЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВГрадоначалникот Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на акцијата и да се придржуваат на утврдениот комунален ред за одлагање на кабаст отпад. (Фото: Град Скопје)

    Утре и во сабота Град Скопје заедно со Општините и јавните претпријатија ќе го чистат Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека наредните два дена ќе спроведат акција за масовно чистење и ги повика скопјани и тие да се приклучат во чистењето.

    „Оваа акција ќе ги вклучи сите технички и човечки потенцијали кои ни стојат на располагање, ќе се метат и мијат улиците, ќе се крпат дупките и ќе се поткаструва зеленилото. Ги повикуваме граѓаните кои сакаат да живеат во чист градот да се вклучат во акцијата. После ваквата акција за масовно чистење на нашиот град ќе следи засилен инспекциски надзор и од Градот и од Општините, со цел да се спречи создавање на диви депонии“, рече Шилегов.

    Најави дека од наредниот месец во секоја општина ќе бидат определени по пет локации каде во одреден ден од неделата граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира