НАСТАВАТА ВО „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ЌЕ ПОЧНЕ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОРАДИ БЛОКИРАНАТА СМЕТКА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ОД РАСКИНАТИОТ ДОГОВОР НА ЖЕРНОВСКИ

    НАСТАВАТА ВО „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ЌЕ ПОЧНЕ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ПОРАДИ БЛОКИРАНАТА СМЕТКА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ОД РАСКИНАТИОТ ДОГОВОР НА ЖЕРНОВСКИГрадоначалникот Саша Богдановиќ вели дека реновирањето на училиштето доцни оти сметката на Општината била блокирана поради договорот за катната гаража кој го поништи неговиот претходник Андреј Жерновски и не можеле навреме да го потпишат договорот за јавна набавка за внатрешно опремување. - Училиштетот Гоце Делчев (Фото: СДК.МК)

    Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар ќе почнат со настава другата недела бидејќи уште не е завршена реконструкцијата на школото. Децата вчера биле на првиот училиштен ден, но на родителите им било кажано дека оваа недела настава нема да има и дополнително ќе бидат известени кога ќе почне наставата.

    „Ве известуваме дека редовната настава ќе се одложи за неколку дена поради довршување на финални градежни работи. Ние како педагози ја разбираме возбудата и радоста на првиот училиштен ден затоа со многу љубов и внимание ги отворивме вратите и срцата за нашите ученици“, стои во смс пораката од вработените во училиштето до родителите.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека реновирањето на училиштето доцни оти сметката на Општината била блокирана поради договорот за катната гаража кој го поништи неговиот претходник Андреј Жерновски.

    „Сметката ни беше блокирана две недели и затоа не можевме да го потпишеме договорот за јавна набавка за внатрешно уредување на училиштето. Тоа ги одложи градежните работи и затоа малку се доцни. За два-три дена ќе завршиме и в понеделник децата ќе почнат со настава. Училиштетото комплетно е реновирана внатрешно, поставивме енергетско ефикасна фасада а извршивме и доградба за да се зголеми капацитетот“, вели Богдановиќ.

    Сметката на Општина Центар во јули две недели била блокирана за 1,5 милиони евра, поради договорот кој го раскина поранешниот градоначалникот Андреј Жерновски за изградба на катната гаража кај зградата на поранешна „Нова Македонија“. Откако Жерновски го раскинал договорот, фирмата изведувач ГП „Пелагонија Гостивар“ со која неговиот претходник Владимир Тодоровиќ го склучи договорот за изградба на гаражата, ја тужела Општина и го добила спорот.

    Со правосилна судска одлука од сметката на Општина Центар симнати се 96 милиони денари, поради што до пред една недела сметката била блoкирана и имало застој во исплатата на обврските, а уште не се исплатените платите на комуналните работници кои ја чистат општината.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари