НЕ Е ПОТРЕБНО ПОВТОРНО ВОВЕДУВАЊЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС БИДЕЈЌИ НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ, ВЕЛИ ТЕТОВСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ТЕУТА АРИФИ

    НЕ Е ПОТРЕБНО ПОВТОРНО ВОВЕДУВАЊЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС БИДЕЈЌИ НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ, ВЕЛИ ТЕТОВСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ТЕУТА АРИФИОд Кризниот штаб на Општина Тетово соопштуваат дека се регистрирани 10 нови заразени со КОВИД-19, со што вкупната бројка на досега дијагностицирани достигна 292 лица. (Фото: Зандон)

    По денешниот редовен состанок на Кризниот штаб на Општина Тетово, градоначалничката Теута Арифи, рече дека е за олабавување на мерките и дека не е за повторно воведување на полициски час во Тетово бидејќи оваа мерка не ги дава резултатите.

    „После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна клиника и со тоа многу поверодостојно ќе може да се убедат овние граѓани кои се скептици за постоењето на вирусот. На овој начин, со вакви ТВ емисии, може поефикасно да се подигне нивната свест кај населението тоа да се придржува до препорачаните мерки, отколку што тоа ќе го направи полицискиот час. Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати“, изјави градоначалничјката Арифи.

    Покрај ова Арифи се надеваме дека наскоро Комисијата за заразни болести ќе го одобри барањето на Општина Тетово за ослободување на организираниот меѓуградски превоз во Тетово и околните општини.

    Од Кризниот штаб на Општина Тетово соопштуваат дека се регистрирани 10 нови заразени со КОВИД-19, со што вкупната бројка на досега дијагностицирани достигна 292 лица. Од нив досега 136 оздравеле а 24 починале. Овие бројки се однесуваат за Општина Тетово и за петте околни општини од тетовскиот регион. Денешните 10 позитивни случаи се од два веќе познати кластери, при што 6 новозаразени лица се од Општина Теарце и 4 од Општина Боговиње.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира