НЕ ФРЛАЈТЕ КРЕВЕТИ И ДУШЕЦИ НА УЛИЦА, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА КАБАСТ ОТПАД, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    НЕ ФРЛАЈТЕ КРЕВЕТИ И ДУШЕЦИ НА УЛИЦА, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА КАБАСТ ОТПАД, ВЕЛАТ ОД „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“Од утре контејнери за кабаст отпад ќе се постават на 4 локации во Општина Карпош.(Фото: СДК.МК)

    ЈП “Комунална хигиена“ во текот на пролетната акција за чистење ќе постави садови за кабаст отпад во сите скопски општини. Од претпријатието апелираат да не се фрла мебелот и покуќнината кај било, туку жителите да се информираат кога акцијата ќе се спроведе во нивната општина.

    „Во текот на мината недела, акцијата за пролетно чистење беше во Општина Кисела Вода и таму поставиме садови за кабаст отпад на 4 локации. Ги замолувам граѓаните масовно да го одлагаат кабастиот отпад во садовите кои ги поставуваме“, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Зухди Енус.

    Од утре ќе се чисти територијата на Општина Карпош, а како што соопшти Општината, контејнери за кабаст отпад ќе се постават во населбата Тафталиџе 2 на улица Женевска во близина на автобуската постојка на последна 24-ка, во Козле на улица Јуриј Гагарин кај ресторанот Македонска куќа, во Долно Нерези на улица Ванчо Мицков и во Влае зад Порта Влае.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира